Навивачи експресно собраа милион евраза да го спасат Либек од банкрот
Минатиот вторник пристигнаа лоши вести за навивачите на ВФБ Лубек, германски четвртолигаш. Лубек е град во северна Германија, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн.
Клубот тогаш објави дека е пред банкрот, и дека во следните 48 часа мора да собере еден милион евра за да се спаси.
„Сеопфатната анализа на моменталната финансиска состојба идентификуваше значителен недостаток на ликвидност, што претставува голем финансиски предизвик за Надзорниот одбор и раководството“, напишаа од клубот.
„Апелираме до сите да застанат покрај нас во овој тежок момент и да размислат како можат да не поддржат. Секоја навремена поддршка, без разлика дали во форма на спонзорство, донации или други мерки е важна. Само заедно можеме да го спасиме Лубек и да ја надминеме оваа егзистенцијална криза“, се вели и во пораката, а навивачите на Лубек покажаа колку се подготвени да го спасат својот клуб.
Клубот во неделата попладне објави дека во последните неколку дена успеал да собере еден милион евра од навивачите, поддржувачите и спонзорите. На миса во Лубек во неделата рано навечер, веста за спасувањето официјално им беше објавена на навивачите. Присуствуваа околу 4.500 луѓе.
Подоцна, клубот ја објави веста преку официјални канали: „Сензационално, извонредно, уникатно, ова е за историја, иако е тешко да се опише со зборови што сме доживеале, собравме, споделивме и постигнавме заедно како Лубек семејство. Ја собравме потребната сума од еден милион евра, Лубек жив!“, соопшт клубот.