Иваниќ го продолжи договорот со Црвена Звезда

Црвена Звезда објави продолжување на соработката со еден од најдобрите свои поединци, Мирко Иваниќ.

Офанзивниот фудбалер за врска стави потпис на нов догово до јуни 2027 година. Иваниќ пристигна во Звезда во 2019 од БАТЕ Борисов за 1,3 милиони евра, а оттогаш се етаблира во лидер на тимот. Одигра вкупно 238 натпревари, постигна 69 гола и забележа 59 асистенции.

Иваниќ и Звезда без поголеми проблеми ја продолжија соработката, бидејќи двете страни беа задоволни од претходните години.

Во кариерата Мирко Иваниќ беше дел уште од Војводина и Пролетер, пред да се пресели во Белорусија во 2016 година.