Сити и Јуве во иста група на Светското клупско првенство

Официјално е одржана ждрепката за Светското клупско првенство кое во 2025 година ќе се одржи во нов формат, а домаќин ќе бидат Соединетите Американски Држави. Натпреварувањето ќе започне на 15 јуни следната година, а финалето ќе се игра на 13 јули. Познато е и дека ФИФА за сите отвори специјален преоден рок кој ќе трае од 1 до 10 јуни за да можат дополнително да се засилат за Мундијалот.

Што се однесува до финансиите, ФИФА се уште не ги објави бројките, но се очекува клубовите да поделат фонд од околу две милијарди евра. Секако, најголемиот дел ќе им припадне на европските клубови, додека победникот ќе биде побогат за 100 милиони долари.

Комплетна ждрепка за Светското клупско првенство на ФИФА

Група А: Палмериас, Порто, Ал Ахли, Интер Мајами
Група Б: Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид, Ботафого, Сиетл Саундерс
Група Ц: Баерн Минхен, Оукленд, Бока Јуниорс, Бенфика
Група Д: Фламенго, Есперанца, Челзи, Леон
Група Е: Ривер Плата, Урава, Монтереј, Интер
Група Ф: Флуминенсе, Борусија Дортмунд, Улсан, Мамелоди
Група Г: Манчестер Сити, Видал, Јувентус, Ал Аин
Група Х: Реал Мадрид, Ал Хилал, Салцбург, Пачука