Ибра: Немаше да е лошо да заиграв за Баерн, но немаа пари да ме платат
Златан Ибрахимовиќ во кариерата која ја заврши во Милан беше дел од големи клубови, но сепак не му се остварила желбата да за игра во најголемиот клуб во Германија.
Во кариерата Ибра беше дел од: Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси, меѓутоа и многу сакал да го облече дресот на Баерн Минхен.
Ибрахимовиќ во изјавата во свој стил се пошегува дека Баерн немал пари да го доведе.
„Во Германија се игра фантастичен фудбал и немаше да биде лошо да играм за клуб како Баерн. Ќе беше убаво, но судбината имаше поинакви планови. Сепак, тие и немаа пари да ме купат кога бев во најдобра форма“, изјави Ибрахимовиќ.