Николов и Начевски ќе го судат дербито Еурофарм Пелистер – Вардар 1961

Викендов на програмата во македонската спортска јавност ќе се игра дербито помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Од редовите на битолскиот клуб информираа дека билетите за ова дерби биле распродадени за само седум минути, а познати се и судиите.

Имено, натпреварот ќе го судат двајцата најдобри македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, контролори ќе бидат Марјан и Драган Начевски.

Во натпреварот Пелистер ќе сака да му се реваншира на Вардар за поразот во претходниот натпревар сезонава од 24-27.

По 14 кола Вардар и Алкалоид имаат по 26 бода, додека Пелистер на третото место е со два помалку.