Григонис се повреди и го чека операција

Европскиот кошаркарски првак Панатинаикос уште некое време ќе биде без Мариус Григонис кој ќе мора да биде опериран.

Бекот веќе месец и половина е надвор од терените поради повреда на долниот дел од грбот.

Првичниот пристап во рехабилитацијата не вроди со плод и сега Литванецот ќе мора да биде опериран. Григонис имаше обид оваа седмица да тренира со тимот, меѓутоа имаше болка и потоа беше договорено дека мора „под нож“.

Засега непознато е колк долга ќе биде паузата за Григонис, меѓутоа јасно е дека нема набргу да заигра за грчкиот тим.