Вавринка доби „вајлд карта“ за настап на Австралија опен

Стен Вавринка доби специјална покана за овогодинешниот Австралија Опен.

Вавринка првпат играше во Мелбурн, на Австралија опен, пред речиси 20 години и токму на овој турнир ја освои првата од трите Гренд слем титули.

Вавринка во финалето во 2014 година победи против Рафаел Надал.

Покрај Вавринка, Австралија опен испрати специјални покани на адреси на осум австралиски играчи, меѓу кои и Дарија Савил и Ајла Томљановиќ.

-Неверојатно сум благодарен што добив специјална покана за Австралија Опен. Мелбурн има посебно место во моето срце, таму го освоив мојот прв Гренд слем и тоа е една од најголемите пресвртници во мојата кариера, изјави Вавринка.

Првиот Гренд слем во сезоната ќе се игра од 12 до 26 јануари 2025 година.