Јунајтед со луд финиш ги однесе сите три бода од „Етихад“

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Манчестер сити (1-2) во дербито на Манчестер, во 16. коло од Премиер лигата.

Херој на „црвените ѓаволи“ беше Амад Диало, кој најпрвин избори пенал ви финишот, неколку минути подоцна донесе пресврт за својот тим.

Сити долго време водеше, со голот на Јошко Гвардиол во 36. минута. Бруно Фернандеш реализираше пенал во 88. минута, а во 90. минута Диало погоди за победа на Јунајтед.

Манчестер сити ја продолжи лошата серија, има само една победа на последните 11 натпревари. Рубен Аморим втор пат во краток период излезе како победник во дуелот со Пеп Гвардиола, откако претходно како тренер на Спортинг ги победи „граѓаните“ во Лигата на шампионите.