Барони: Не смеевме да си дозволиме ваков пораз
Менаџерот на Лацио, Марко Барони по шокантниот колапс на неговиот тим дома против Интер и поразот од 0-6 изјави дека комплетно ја презема одговорноста за најлошиот настап на тимот под негово водство.
„Жал ми е за тимот и за навивачите, јас ја преземам одговорноста. Одигравме добри четириесет минути, но тоа не беше доволно. Тимот се распадна. Има работи што не можеш да си ги дозволиш против Интер. Не го контролирав тимот од емоционална гледна точка и затоа ја преземам целосната одговорност. Веќе разговарав со играчите. Ова не може да му се случи на тим како нас, би можел да зборувам за несреќни ситуации, но џабе е. Ги изгубивме нервите. Тимот не смее вака да се распадне“, изјави лутиот Барони.
Барони потенцираше дека ниту отсуствата на неколку играчи не можат да го оправдаат шокантно лошиот резултат.