Мелгард ја заврши играчката и почнува тренерска кариера

Данскиот ракометар Хенрик Мелгард ја игра последната сезона во неговата играчка кариера.

39-годишниот ракометар на Алборг одлучи дека е време да се пензионира, но и понатаму ќе остане во ракометните води.

Како што е познато, Мелгард ќе се врати во таборот на ,,светците” и ќе биде асистент на неговиот сонародник Стефан Мадсен.

Мелгард и Мадсен со францускиот клуб се договорија на соработка, која ќе биде со важност од две сезони.