Дејвис се повреди, Лејкерси одреден период без својот центар

Центарот на „езерџиите“ Ентони Дејви одигра 33 минути и беше лидер на тимот, а тогаш се повреди.

По еден дуел Дејвис се фати за рамо и легна на паркетот, па потоа мораше да биде заменет.

Интересна беше одлуката на тренерот Џеј Џеј Редик да го остави во игра со четири лични грешки.

Тоа наиде на критики кај навивачите, кои сметаат дека повредата можела да се избегне. Засега нема информации за каква повреда се работи и колку ѕвездата ќе паузира.