Вилиамсон спремен за враќање на терените
Зион Вилијамсон е се поблиску до враќање на терените по повредата.
Кошаркарот учествуваше на тренингот на Њу Орлеанс во неделата, но одработи индивидуална програма без контакти.
Вилијамсон се опоравува од истегнување на левата тетива. На 11 ноември беше објавено дека играчот ќе биде надвор од терените четири до шест недели.
Во шест натпревари оваа сезона, Вилијамсон има просек од 22,7 поени, 8,0 скока и 5,3 асистенции за 31,1 минута на паркетот.