Луис Енрике: Прекрасно е да се почне годината со трофеј

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике зборуваше за победата на парискиот клуб над Монако со резултат 1-0 во натпреварот од Суперкупот на Франција.

„Тоа е многу, многу позитивно чувство. Освојувањето трофеј е секогаш извор на радост. Да ја започнеме 2025 година вака, со речиси полн стадион, со многу луѓе кои ги поддржуваат играчите на ПСЖ, ни дава сила и самодоверба да ја започнеме годината, затоа мора да го искористиме ова и да размислуваме за иднината. Денеска беше многу тежок натпревар со противник со многу квалитетни играчи, со многу напаѓачки играчи. Имавме многу добри моменти на натпреварот, моменти на доминација и моменти на страдање во одбраната, но мислам дека на крајот голот му ја додели победата на тимот кој никогаш не престанува да се бори, кој никогаш не престанува да напаѓа, кој никогаш не престана да трча. Мислам дека ова е многу позитивен момент и треба да продолжиме да го развиваме“, изјави Енрике за прес-службата на клубот.

Победничкиот гол на ПСЖ беше постигнат во 90+2. минута од напаѓачот Осман Дембеле, на асистенција од Фабијан Руиз.