Мусиала бара клаузула во новиот договор со Баерн
Како што пренесува „Спорт Билд“, Џамал Мусиала побарал откупна клаузула од 175 милиони евра за да стави потпис на нов договор, во моментов, ниту еден друг фудбалер на Баерн Минхен нема откупна клаузула.
Пред неколку недели, медиумите од Германија објавија дека Џамал Мусиала е блиску до потпис на нов договор со Баерн Минхен вреден помеѓу 100 и 125 милиони евра.
Но како што пренесува „Спорт Билд“, преговорите запнале откако агентите на Џамал Мусиала побарале откупна клаузула од 175 милиони евра.
Раководството на „баварците“ секогаш било против ваквата пракса и не сакаат откупни клаузули во договорите на своите играчи со цел тие да бидат во целосна контрола при продажба.
Ниту еден фудбалер во сегашниот состав нема откупна клаузула, па останува да се види дали Баерн Минхен е подготвен да направи компромис за да го задржи Џамал Мусиала, кој треба да биде носителот на играта во следните години.