Јунајтед налета на Лестер на Ван Нистелрој во ФА Купот

По дербито од 3. коло на ФА Купот помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, беше извршена ждрепката за 4. коло од најстарото куп натпреварување во светот.

Бранителот на титулата Манчестер Јунајтед, по херојската победа на пенали над „топџиите“ во Лондон со човек помалку, во следното коло ќе игра пред своите навивачи на „Олд Трафорд“, а ривал ќе им биде поранешниот (привремен) менаџер и легендарен стрелец – Руд Ван Нистелрој.

Ждрепката беше сурова за славниот Холанѓанец, кој емотивно се прости од „црвените ѓаволи“ кога мораше да го напушти Театарот на соништата со доаѓањето на португалскиот тренер Рубен Аморим.

Во меѓувреме, тој ја прифати улогата на менаџер во Лестер и сега ќе патува со „лисиците“ во посета на својот сакан клуб.

Што се однесува до останатите двојки, на програмата се три дуели во кои ќе се сретнат прволигаши.

Сите парови од 4. коло во ФА Купот:

Манчестер Јунајтед – Лестер Сити
Лидс Јунајтед или Милвол/Дагенхем и Редбриџ
Брајтон – Челси
Престон/Чарлтон Атлетик – Вајкомб Вондерерс
Ексетер Сити – Нотингем Форест
Ковентри Сити – Ипсвич Таун
Блекбурн Роверс – Вулверхемптон
Менсфилд Таун/Виган Атлетик – Фулам
Бирмингем Сити – Њукасл Јунајтед
Плимут Аргајл – Ливерпул
Евертон – Бурнмаут
Астон Вила – Тотенхем Хотспур
Саутемптон – Барнли
Лејтон Ориент/Дерби Каунти – Манчестер Сити
Донкастер Роверс – Кристал Палас
Стоук Сити – Кардиф Сити

Натпреварите се закажани од 7 до 10 февруари.