ИХФ ги смени саатниците за главната групна фаза
Светската ракометна федерација (ИХФ) ги промени саатниците за натпреварите од главната рунда во групата на Македонија.
Иако требаше Македонија да игра два пати во 18:00 часот според првичниот распоред, сепак ИХФ ги промени саатниците и сега нашата селекција ќе игра во 15:30 часот.
Натпреварот против Австрија е закажан за 21 јануари од 15:30 часот, додека против Катар дуелот е на 23 јануари исто така во 15.30 часот. Единствено терминот за мечот со Франција остана во претходниот термин, а тоа значи дека на 25 јануари (сабота) Македонија ќе игра против Франција со почеток во 20:30 часот.
Сите натпревари од нашата група се играат во Арена Вараждин, што значи дека навивачите и ракометарите не менуваат локација.