Борусија Дортмунд го отпушти Нури Сахин

Германскиот тим Борусија Дортмунд веднаш реагираше и утрово му даде отказ на својот досегашен тренер Нури Сахин.

Одлуката на управата на клубот од „Сигнал Идуна Парк“ е донесена по поразот против Болоња, а од клубот најавија дека наскоро ќе биде објавено името на новиот менаџер кој ќе го предводи клубот.

Серијата на лоши резултати на Борусија Дортмунд кулминираше со вчерашниот пораз од Болоња во ЛШ со 2:1, а претходно Борусија беше во серија од 3 порази во Бундеслигата од Баер Леверкузен, Холштајн Кил и Ајнтрахт Франкфурт.

Борусија Дормтунд во Лигата на шампионите се наоѓа на 13.место со 12 освоени бодови, со 4 победи и 3 порази, но во Бундеслигата падна на 10.место со 25 освоени бодови.