Абу Даби домаќин на завршниот турнир на Евролигата
Завршниот турнир на Евролигата ќе се игра од 23 до 25 мај во Абу Даби.
Во соопштението се наведува дека Евролигата, Одделот за култура и туризам – Абу Даби и Етихад арената потпишале договор за домаќинство на Ф4 Евролигата во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.
Првото полуфинале е закажано за 23. мај од 16 часот по средноевропско време. Второто полуфинале ќе се игра истиот ден од 19 часот.
Финалето е закажано за 25. мај во 18 часот.
Билетите за Ф4 ќе бидат пуштени во продажба од 26 февруари.