Рамос пред потпис со Монтереј
Прославениот шпански фудбалер Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во Мексико.
Шпанскиот дефанзивец е слободен играч од ова лето, кога му истече договорот со Севилја.
Иако сите мислеа дека неговата кариера е завршена, тој на 38 години реши да замине за Мексико, каде што доби покана од Монтереј.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, преговорите меѓу двете страни се во тек и доколку ги мине лекарските прегледи ќе биде претставен како нов играч на мексиканскиот клуб.
Тренер на Монтереј е Мартин Демикелис, кој бараше засилување поради повредата на Карлос Салседо.
Овој клуб моментално го зазема 13-тото место во мексиканската Клаусура со три бода по три одиграни натпревари.
Рамос во новото опкружување ќе го пречекаат поранешните соиграчи Лукас Окампос и Оливер Торес со кои играше во Севилја, а во клубот е и поранешниот играч на Бетис, и Серхио Каналес.