Богдановиќ заминува од Атланта
Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ во финишот од „трејд периодот“ во НБА лигата би можел да го напушти тимот на Атланта и да се пресели во Феникс Санс, пренесуваат американските медиуми.
Според информациите на новинарот Марк Стајн Атланта е спремна да го трејдува српскиот бек и во овој момент ги разгледува можните опции.
Се споменуваше и Џими Батлер од Мајами, меѓутоа опција за Санси е и Богдановиќ.
Во овој момент екипата предводена од Кевин Дурант се наоѓа на деветтото место на Западната Конференција со учинок од 24 победи и 22 порази.