Андонова ја напушти Саудиска Арабија и потпиша за Мадрид

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, повторно ќе настапува во шпанската лига, откако договори соработка со клубот Мадрид. По краткиот престој во саудискиот Ал-Шабаб, таа се враќа во позната средина, имајќи предвид дека претходно беше дел од Барселона и Леванте.

Мадрид, кој моментално се наоѓа на десеттото место во првенството и минува низ резултатска криза, ја гледа Андонова како клучно засилување во нападот.

Во текот на својата кариера, таа настапуваше за реномирани европски клубови како Турбине, ПСЖ и Розенгард. Во Македонија, првите чекори во фудбалот ги направи во Борец Велес и Тиквешанка.