Нов проблем за Анчелоти, се повреди и Рудигер
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер ќе отсуствува неколку недели поради повреда. Дефанзивецот почувствува непријатност и побара замена во 15. минута од натпреварот со Еспањол.
Антонио Рудигер го држеше задниот дел од десниот бутен мускул. Тој по оваа повреда на мускулот ќе биде надвор од терените околу 20 дена.
Сезонава дефанзивецот има 22 натпревари во Ла Лига. Неговиот тим загуби на синоќешното гостување кај Еспањол со 0:1 во натпревар од Ла Лига.