Двоен триумф на Амар Хусеиновиќ во Најроби
Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ оствари двоен триумф на турнирот во Најроби, Кенија и со тоа ја потврди улогата на носител број еден во двете конкуренции. Хусеиновиќ победи и во поединечна и во конкуренција на двојки заедно со Јан Сикора од Чешка. Во поединечна конкуренција Хусеиновиќ сите мечеви ги доби со 2-0 во сетови.
Во сингл финалето Хусеиновиќ го совлада Аирик Абединзадех од Иран со 2-0 во сетови (6-3, 6-1), а на патот до финалето Хусеиновиќ ги совлада: Рафаел Хозе Де Лима Гонзалез од Венецуела со 2-0 во сетови (6-0, 6-0) – второ коло, Педро Куероз од Бразил со 2-0 во сетови (7-6/4, 6-3) – 3.коло. Во четвртфиналето го победи Абделазиз Гуенуми од Мароко со 2-0 (6-2, 6-3), а во полуфиналето беше подобар од Србинот Марко Драговиќ со 2-0 во сетови (6-4, 6-1).
Во конкуренција на двојки со Чехот Јан Сикора во финалето ги победија тенисерите од Србија Марко Драговиќ и Урош Живковиќ со 2-1 во сетови (4-1, 3-5 11-9 на поени).
Амар Хусеиновиќ и следната недела ќе има настап на турнир во Кенија.