Младинец му донесе полуфинале на Купот на големиот Реал

Реал Мадрид победи со 2-3 кај Леганес во четвртфиналето во Купот кралот. Реал имаше 0-2, на крајот во 93.минута с голот на дебтантот Гонзало Гарсија, напаѓач на Б тимот на Реал избори пласман во полуфиналето.

Гостите поведоа преку капитенот Лука Модриќ, кој погоди во 18. минута на асистенција на Родриго. Ова беше трет гол за Модриќ сезонава, а има и пет асистенции. Седум минути подоцна Ендриг ја зголеми предноста на Реал.

Леганес сепак успеа да се врати во мечот. Двоен стрелец беше напаѓачот Хуан Круз. Најпрвин во 39. минута погоди од пенал, а потоа во 59. минута по убав потег го израмни резултатот.

Гонзало Гарсија, напаѓачот на Б тимот му донесе победа на Реал Мадрид во драматичен натпревар. Гарсија со глава на асистенција на Брахим Дијаз во 93. минута го однесе Реал во полуфиналето.

Во вторникот, место во полуфиналето си обезбеди Атлетико Мадрид, со убедливата победа од 5-0 над Хетафе.

Утре четвртфиналните натпревари ќе ги одиграат Валенсија и Барселона, односно Осасуна и Реал Сосиедад.