Моисе Кин навредуван на расна основа на „Сан Сиро“
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2025/02/2025-02-10T213352Z_741146129_UP1EL2A1NWE51_RTRMADP_3_SOCCER-ITALY-INT-FIO-REPORT-scaled-1024x700.jpg)
Напаѓачот на Фиорентина, Моисе Кин, на својот личен профил на Инстаграм покажа дел од пораките испратени до него, во кои е навредуван, а зборот „мајмун“ преовладува откако „виолетовите“ загубија од Интер во Милано во натпревар од Серија „А“.
Некои од профилите, од кои се напаѓа фудбалерот, не се анонимни, туку имаат имиња. Самиот Кин одговори на повеќето пораки со омраза со емотикон за повраќање и натпис: „Дали ова сè уште постои во 2025 година?“
Во исто време, Фиорентина веднаш излезе во одбрана на својот играч.
-Клубот изразува сочувство за Мојс Кин, кој стана жртва на расистички напади на социјалните мрежи по крајот на натпреварот против Интер. Авторите на овие навреди се предадени на надлежните органи, напишаа од клубот од Фиренца.