Раул: Работевме многу на стилот на Спортинг, но мораме да бидеме и добри во одбрана
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2025/02/VPH_3210-1024x683.jpg)
По два месеци пауза продолжува Лигата на шампионите во ракомет. Следуваат последните четири кола во групниот сегмент, а во рамките на група А македонскиот првак Еурофарм Пелистер има уште четири кола во битката за елиминационата фаза. Пред заминувањето во Португалија за медиумите зборуваа тренерот Раул Алонсо и голманот Никола Митревски.
Раул Алонсо
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто така добро. Многу играчи настапуваа за Португалија на СП, очекувам тим со огормна самодоверба. Исто така, очекувам и сала која ќе биде нивна поддршка. Ќе биде голем предизвик за нас да одиграме добро во Лисабон. Така е во Лигата на шампионите, тоа е нормално. Мора да го одиграме нашиот ракомет и да бидеме солидни во транзиција. Треба да преземеме контрола врз темпото, мислам дека тоа ќе биде клучно за да им парираме. Мислам дека ова е нивниот натпревар, со брз ракомет даваат многу голови. Не знам дали ќе можеме да се одржиме на тој ритам, ама тоа ни е целта. Треба да се смириме, да не брзаме премногу и да бидеме добри во одбрана. Во напад работевме доста посветени на тој тип на игра“
Никола Митревски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Спортинг е еден доста незгоден противник кој во последните години воден од браќата Коста игра доста добар ракомет и напаѓачки и дефанзивно. Ќе биде доста тешко да се игра на тој терен во Лисабон. Ние одиме на секој натпревар на победа, без разлика во која конкуренција. Ќе го дадеме својот максимум и се подготвуваме добро за натпреварот. Имаме математики да ја минеме групата, во игра сме и ќе одиме без притисок. Се надевам ќе пружиме добар натпревар. Големите екипи секогаш имаат период на многу натпревари, голем дел од играчите се навикнати на тоа. Сите во ЛШ имаат ваков календар. Можеби ќе биде проблем за домашното првенство, ама сме го поминале ова веќе.
ЕХФ делегираше судии од Србија за натпреварот на македонскиот првак Еурофарм Пелистер на гостувањето во Лисабон. Станува збор за Боричиќ и Марковиќ, кој ќе им судат на битолчани на важната пресметка со Спортинг Лисабон.