Џони Хејтинга ќе го води Ливерпул против Вулверхемптон

Тренерот на Ливерпул Арне Слот доби директен црвен картон по дербито со Евертон кое на Гудисон Парк заврши 2-2. По пресметката меѓу „сините“ и „црвените“ на овој стадион, дојде до инциденти меѓу играчите на двата тима.
Во целата мешаница црвени картони добија Арне Слот, неговиот помошник Спајк Хулсоф, како и играчите Кертис Џонс и Абдулај Дукур.
Токму порди ова, Ливерпул ќе биде предводен од нов тренер на следниот натпревар од Премиер лигата, бидејќи Арне Слот и неговиот помошник Спајк Хулсоф ќе бидат суспендирани.
Во недела, Ливерпул е домаќин на Вулверхемптон на „Енфилд“, а Слот и Хулсоф ќе мора да бидат на трибините, додека тимот ќе го води Џони Хејтинга. Секако и самиот Хејтинга ќе има можност да добива инструкции од Слот за време на натпреварот преку телефон.