Дибала го повреди коленото во Порто

Аргентинскиот интернационалец во Рома, Паоло Дибала, принудно го напушти вчерашниот меч со Порто во плеј-офот во Лигата на Европа откако се пожали на болка во пределот на коленото.
Фудбалерот иако доби лекарска помош и се врати во игра, на крајот од полувремето сепак беше заменет. „Римската волчица“ се уште не соопштува дали неговата повредата е сериозна и дали ќе оди на дополнителни лекарски прегледи.
Римскиот состав во текот на викендот го чека пресметка со Парма во новото коло во Серија A.