Бојан Богдановиќ се раздели со Бруклин Нетс

На лошите вести за Бојан Богдановиќ им нема крај.

Истиот ден кога дозна дека мора да има уште една операција, трета во изминатата година, популарниот Бабо доби отказ во Бруклин Нетс.

Поранешниот хрватски репрезентативец сега е слободен играч, а Нетси добија простор да го ангажираат Килијан Хејс, како и дополнителни пари во селери капот за да потпишат долгорочен договор со Тајрис Мартин.

Што се однесува до Богдановиќ, тој за два месеци ќе го прослави својот 36 роденден и големо прашање е што ќе биде со неговата кариера.