Алонсо: Ми се допадна како победивме

Еурофарм Пелистер го совлада Динамо Букурешт со 25-24 и остана во трка за осминафинале на Лигата на шампионите.
По натпреварот тренерот на домашните Раул Алонсо тој им честита на играчите, а потенцира дека секој играч во колективот е важен за овој успех. Воедно, истакна дека е задоволен од борбата и на начинот на кој се победило.
„Прво, сакам да им честитам на играчите за фанастичниот меч. Игравме против доста добар тим кој исто така проба се за да го добие овој меч. Ми се допадна како победивме и како тоа го направивме за да славиме во оваа голема борба.
Знаевме дека мечот ќе биде многу тежок, но останавме заедно обединети до крајот, баравме решенија кога нештата не одеа баш најдобро, имавме шанси и да избегаме на повисока предност, па мислам дека заслужено ги освоивме бодовите. Во првото полувреме тргнавме добро, а потоа Динамо покажа квалитет и се врати во мечот по нашите промашувања, но во вториот дел покажавме карактер. Убаво е да се види како ја креираме таа сила на тимот во кој секој играч е важен – играчи кои играат шеесет минути, играчи кои играат едно полувреме, десет минути или не играат. Можеби имавме и малку среќа на крајот, ама победивме. Јас сум многу среќен затоа што успеавме да победиме пред нашата публика“, изјави Раул Алонсо.