Челзи четири меча без Мадуеке

Фудбалерот на Челзи, Нони Мадуеке, ќе пропушти четири претстојни натпревари во Премиер лигата поради повреда, изјави денеска неговиот тренер Енцо Мареска.
Мадуеке ја повреди тетивата минатата недела на натпреварот против Брајтон (0-3).
„Нони најверојатно ќе биде надвор од теренот до паузата во првенството“, изјави Мареска на прес-конференција.
Мадуеке оваа сезона постигна седум гола на 23 натпревари во Премиер лигата.
Исто така, од теренот отсуствува и водечкиот стрелец на тимот, Николас Џексон, кој постигна девет гола во лигата, поради повреда на тетивата.
Челзи в сабота на „Вила Парк“ гостува на Астон Вила, по што следуваат два домашни натпревари со Саутемптон и Лестер, пред градското дерби на 16 март на гости против Арсенал.