Асенсио двоен стрелец, Астон Вила го доби дербито со Челзи

Soccer Football – Premier League – Aston Villa v Chelsea – Villa Park, Birmingham, Britain – February 22, 2025 Aston Villa’s Marco Asensio celebrates scoring their second goal REUTERS/Jaimi Joy EDITORIAL USE ONLY. NO USE WITH UNAUTHORIZED AUDIO, VIDEO, DATA, FIXTURE LISTS, CLUB/LEAGUE LOGOS OR ‘LIVE’ SERVICES. ONLINE IN-MATCH USE LIMITED TO 120 IMAGES, NO VIDEO EMULATION. NO USE IN BETTING, GAMES OR SINGLE CLUB/LEAGUE/PLAYER PUBLICATIONS. PLEASE CONTACT YOUR ACCOUNT REPRESENTATIVE FOR FURTHER DETAILS.. TPX IMAGES OF THE DAY

Зимските засилувања Маркус Рашфорд и Марко Асенсио, во копродукција со голманот на Челси, Филип Јоргесен и ја донесоа победата на Астон Вила прптив „сините“ од Лондон (2-1). Гоманот на Челси „придонесе“ за поразот на Челси со аматерската реакција во 90.минута.

Челзи поведе, и тоа во раната фаза од мечот, во деветтата минута, кога Нето брилијантно го проигра Фернандез, а Аргентинецот рутински го совлада својот сонародник и соиграч од репрезентацијата Мартинез.

Вила можеше брзо да израмни, во 19. минута, но Оли Воткинс шутираше од многу добра позиција по средината на голот. Истиот играч пропушти шанса две минути подоцна, кога во последен момент беше блокиран.

Енцо Фернандез можеше да го удвои водството во 29. минута, но шутираше над голот на Астон Вила. Во следниот напад, по одличната индивидуална акција на Кол Палмер не успеа да погоди.

До крајот на првиот дел, Воткинс имаше уште една шанса и повторно промаши, додека на другата страна имаше шанса и Нкунку, но Мартинез забележа фантастична интервенција.

Педро Нето можеше да ја удвои предноста на Челзи на стартот од вториот дел, но промаши од добра позиција. Казната стигна многу брзо, во 57. минута Рашфорд упати прецизен пас до Асенсио, кој го донесе израмнувањето.

Палмер потоа имаше уште две шанси, но англискиот репрезентативец во двата наврати беше непрецизен, во 70. и 76. минута. Казната „сините“ ги стигна во 90. минута.

Нова асистенција на Рашфорд за Асенсио чии удар мина низ рацете на Јоргенсен.

Астон Вила со натпревар повеќе има 42 бода на седмото место, Челси има бод повеќе на шестата позиција.