Чави одбил да го наследи Тен Хаг

Поранешниот тренер на Барселона, Чави, оваа сезона можеше да го преземе Манчестер јунајтед.

Според „Релево“, англискиот клуб го сметал шпанскиот стручњак како замена за Ерик тен Хаг, но тој решил да одмора до летото 2025 година, па одбил неколку понуди за работа.

Чави требаше да го преземе Манчестер јунајтед по крајот на сезоната, доколку Руд ван Нистелрој ја заврши својата работа како привремен менаџер по заминувањето на Тен Хаг.

Четириесет и петгодишниот Шпанец остана без тим по заминувањето од Барселона во јуни 2024 година. Тој беше тренер на Каталонците од 2021 година, а работеше во Ал Сад од 2019 до 2021 година.