Олимпијакос се засили во последен момент, потпиша со Сејбен Ли

Американскиот кошаркар Сејбен Ли се врати во Евролигата, во последните часови од преодниот рок кој заврши во 18:00 часот потпиша за Олимпијакос. Грчкиот тим, реагираше на пазарот поради повредите на Томас Вокап и Лука Вилдоза.

Тимот од Пиреја го купи американскиот плејмејкер од турска Маниса за 550.000 евра. Ли потпиша две и пол годишен договор со Олимпијакос.

Ли на почетокот на сезоната настапуваше за Маниса, потоа накратко го облече дресот на Макаби, но реши да се врати во Турција.

Сепак, тој уште еднаш го привлече вниманието на евролигашите со своите добри игри. Претходно беше заинтересирана и Барселона, но Олимпијакос беше поконкретен.

Ли одигра осум натпревари за време на неговиот престој со Макаби, со просек од 12 поени, два скока и речиси три асистенции по натпревар.

Во Маниса, во турскиот шампионат, имаше просек од 18,7 поени, 3,8 скока и шест асистенции по натпревар.