Барцокас има нови проблеми, се повреди и Најџел Вилијамс Гос

EUROLEAGUE 2023-2024 / ΟΣΦΠ – ΑΡΜΑΝΙ (KLODIAN LATO / EUROKINISSI)

Олимпијакос пред следната рунда од Евролигата го очекува дуел против тимот на Партизан кој се наоѓа во извонредна форма.

Тренерот Барцокас се соочува со сериозни проблеми на плејмејкерската позиција откако двајца стандардни кошаркари отпаднаа од комбинација за дуелот со Партизан. Томас Вокап веќе извесно време е повреден, а на последниот меч со Виртус Болоња се повреди и Најџел Вилијамс Гос.

Поранешниот кошаркар на Партизан има проблеми со скочниот зглоб и ќе мора да отсуствува најмалку една седмица, па речиси сигурно ќе го пропушти дуелот со својот поранешен клуб.