Торино сака да го откупи договорот на Елмас

Елиф Елмас, во јануари од Лајпциг се пресели на позајмица во Торино, одигра три натпревари постигна два глола со што ги натера првиот човек на клубот, Урбано Каиро да му наложи на спортскиот сектор да ги започне преговрите со Германците за откуп на договорот на македонскиот репрезентативец.
Елмас, во јануари 2024 година од Наполи се пресели во Лајпциг, за 24 милиони евра, но не успеа да ја стекне довербата на тренерот Марко Росе. Во есенскиот дел од сезоната одигра само 44 минути во Бундес лигата и 15 во Лигата на шампионите.
Незадоволен од статусот побара клубот на позајмица, го одбра Торино и не згреши.
Кога потпиша за Торино, клубот доби опција по завршувањето на сезоната да го откупи од Лајпциг за 17 милиони евра.
Спортскиот сектор на „биковите“ ќе ги стартува преговорите со Лајпциг и ќе се обиде да ја намали сумата која германскиот клуб ја бара како обесштетување.