Реал го договори најдобриот кошаркар на Тенерифе

Реал Мадрид во Тенерифе го пронајде првото засилување за следната сезона. Станува збор за Дејвид Крамер, 28-годишен германски бек шутерски.
Момчето родено во Словачка оваа сезона игра брилијантно на Канарските острови, па тимот од шпанската престолнина го гледа како идеален наследник на легендарниот Американец Џејси Керол.
Феноменалниот шутер од Вајоминг играше за Реал од 2011 до 2021 година, со исклучителни 42% успешност во шутот за три поени. Тој заработи репутација на еден од најдобрите шутери на Стариот континент, а оваа сезона во АЦБ лигата, Крамер има подобри бројки од оние што го прославија Керол.
Иако минатата сезона во дресот на Сарагоса упати само 31% од своите удари надвор од линијата 6,75, поранешниот кошаркар на Улм и Брауншвајг сега експлодира.
Тој во моментов има просек од 12 поени и два скока во АЦБ лигата, со исклучителни 44 отсто шут за три поени. Сепак, во тековната кампања во Лигата на шампионите, со слична статистика (12,6 поени, 2,1 скока), тој погодува неверјатни 55 отсто од обидите за три поени.
Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, објави дека веќе е постигнат договор меѓу 28-годишниот кошаркар и клубот предводен од Чус Матео и дека тој сигурно на лето ќе стане член на Реал.
Крамер сезонава беше во центарот на вниманието кога постигна 43 поени во поразот на Германија од Шведска (72:73) во квалификациите за Евробаскетот