Интер се врати од 0-2 и ја совлада Монца

Фудбалерите на Интер со многу мака ја совладаа последнопласираната Монца со 3-2, по пресврт, откако гостите неочекувано гостите водеа со 2-0 до 45. минута.

Стрелци на головите по хируршки прецизни напади беа Самуеле Бириндели и Кеита Балде, чии гол е навистина спектакуларен.

Прашање е како ќе завршеше натпреварот доколку ветеранот Марко Арнаутовиќ во првата минута од судиското не го препоплови водството на гостите.

Во вториот дел Чалханоглу изедначи на 2-2 во 64.минута.

Конечно, решавачкиот момент се случи во 77. минута кога Лаутаро Мартинез со глава упати удар топката ја допре Киријакопулос, голманот на Монца спектакуларно одбрани, но тогаш се вклучи ВАР.

Тпката за два сантиметри ја минала гол линијата.

18-та победа на Интер им овозможи утрешниот дена да го пречекаат со четири бода повеќе од Наполи, додека Монца останува закована на дното на табелата со се помалку шанси да избори опстанок.