Трагедија го одложи натпреварот Барселона – Осасуна

Натпреварот меѓу Барселона и Осасуна кој требаше да се одигра вечерва од 21:00 часот ќе се одигра во некој друг термин. Натпреварот беше одложен на само половина час пред закажаниот почеток.
Според шпанските медиуми, натпреварот ќе биде одложен поради смртта на еден член на првиот тим на Барселона, бидејќи фудбалерите на каталонскиот клуб изјавија дека не можат да излезат на терен вечерва.
Како што потврдија од клубот, неколку часа пред натпреварот во хотелот каде што престојувал тимот на Барселона, починал главниот лекар Карлес Минаро Гарсија.