Пулишиќ го извади Милан од голем проблем во Лече

Фудбалерите на Милан, со пресврт во последните 20 минути го совладаа Лече на гости со 2-3 во натпреварот од 28. коло на Серија А.
Неверојатен натпревар одиграа Лече и Милан на стадионот „Виа дел Маре“, домаќините до 69.минута водеа со 2-0, на крјот Милан успеа да победи, а тренерот Серж Консеисао со ја спаси работата.
Најмногу благодарение на Никола Крстовиќ, кој ја имаше веројатно најдобрата партија во кариерата Лече стекна предност од два гола.
Репрезентативецот на Црна Гора, за кого токму Милан покажа сериозен интерес во зимскиот преоден рок, му донесе предност од два гола на Лече. Првиот гол навистина беше брилијантен, го постигна во седмата, а на 2-0 зголеми во 59.минута.
Потопот на Лече започна во 68.минута кога Гало си постигна автогол. Три минути подцна Пулишиќ реализираше пенал за 2-2, а истиот играч во 81. минута го комплетираше пресвртот на Милан.
Милан во Лече ја прекина лошата низа во Серија А (три порази и реми на последните четири натпревари) ја прескокнаа Рома и се вратија на осмото место. Лече е на 16. место и нема победа веќе пет кола.
Во следното коло Милан ќе го пречека Комо, додека Лече ќе гостува во Џенова.