Анхел Кореа се извини за навредите кон судијата на дуелот со Хетафе

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа му се извини на судијата за пцостите упатени кон него по вчерашното исклучување на мечот со Хетафе. Напаѓачот на Атлетико Мадрид доби црвен картон во 88. Минута, а откако беше исклучен, го навредуваше судијата Фернандез со погрдни зборови и пцости.
„Би сакал да му се извинам на судијата Гиљермо за мојата реакција по исклучувањето. Мојата почит кон судиите е непобитна, а таквата реакција не е типична за мене. Бев многу изнервиран што го оставив тимот со десетмина во толку тежок момент и реагирав на најлош можен начин. Се надевам дека ќе го прифати моето искрено извинување. Исто така, сакам да им се извинам на моите соиграчи, стручниот штаб и нашите навивачи за акцијата што не требаше да ја преземам и која скапо не чинеше“, напиша Кореа.