Ѓорческа успешно ги мина квалификациите во Унгарија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите усепа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар. Таа денес по голема борба и меч што траеше повеќе од два часа (2 часа и 11 минути) ја совлада Романката Андреа Присакариу со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 7-6/3. Македонската тенисерка успеа да направи пресврт и да стигне до поасакуваниот триумф.

Во првиот сет ривалката беше по 1-1 во гемови успеа да направи предност и водство од 4-1 во гемови што беше доволно за да се освои сетот со 6-3. Но, во вториот сет Ѓорческа загуби само еден гем, откако поведе со 5-0 во гемови Прискариу го освои гемот, а веднаш потоа Лина изедначи со 6-1 во сетот и 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Ѓорческа поведе со 2-0 и 3-1 во гемови, но романската тенисерка го презеде водството со 4-3. Сепак на крајот сетот беше решен во тај брејк, кој со 7-3 на поени и припадна на македонската тенисерка.

Ѓорческа, која беше втора носителка во квалификациите сега го очекува „костурот“ за главниот турнир. Инаку, турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Втората македонска тенисерка која беше пријавена за настап оваа недела Магдалена Стоилковска го предаде мечот од од второто квалификациско коло на ИТФ W15 турнирот во Шарм Ел Шеик и пласман во следното квалификациско коло обезбеди Маргарита Охендовскаја од Украина.