Сари фаворит за тренерското место во Рома

Италијанските медиуми објавија денес дека Клаудио Раниери, и покрај одличните резултати, нема намера да остане на клупата на Рома следната сезона, а прв фаворит за негов наследник е Маурицио Сари.

Раниери ја презеде Рома минатата есен по отказот на Иван Јуриќ и успеа да го извлече тимот од кризата. Сепак, медиумите наведуваат дека искусниот тренер ќе се држи до првичниот план да го води тимот до лето, по што ќе ја преземе функцијата извршен директор на клубот.

Наследникот на 73-годишниот Раниери сè уште не е познат, а во моментов најголеми шанси му се даваат на поранешниот тренер на Наполи, Јувентус и Лацио, Маурицио Сари.