Иниго Мартинез потпиша договор до 2026 година

Барселона го обнови договорот со дефанзивецот Иниго Мартинез на уште една сезона. Актуелниот договор на 33-годишниот фудбалер требаше да истече на крајот на сезоната, но Каталонците ја искористија опцијата да го обноват на уште 12 месеци.

Иниго Мартинез се наметна како еден од најстабилните дефанзивци во тимот на Ханси Флик. Двете страни постигнаа договор пред неколку месеци, но дури сега Каталонците добија зелено светло од Ла Лига.

Дефанзивецот се приклучи на Барселона во летото 2023 година со слободен трансфер од Атлетик Билбао.

Оваа сезона баскискиот дефанзивец забележа 33 настапи во сите натпреварувања и постигна три гола.