Зорман: Се радувам што ќе играме пред полна сала во Копер

Kако и во Скопје на мечот Македонија- Словенија и во Копер се очекува полна сала и добра атмосфера за која говореше и селекторот на Словенија, Урош Зорман кој се радува на распродадената сала бидејќи како што вели, не се случува често во Словенија.
„Секогаш има простор за напредок, и покрај нашата добра партија во Скопје. Утре сакаме да надоградиме тоа што направивме на гостински терен. Салата во Копер е распродадена. Во Словенија тоа не се случило многу одамна, па затоа сме навистина среќни. Луѓето доаѓаат на натпреварот поради нас, па не сакаме да ги разочараме нашите навивачи“, изјави Зорман.