Фунфштик: Аутсајдери сме против Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Лихтенштајн, Конрад Фунфштик, вели дека Македонија е голем фаворит на првиот меч од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
„Ако се држиме според планот за игра, ќе успееме да дојдеме до нашата цел, тоа е да им направиме што е можно повеќе потешкотии на противниците. Ние сме аутсајдери во секој меч, ама не го криеме тоа. Македонија вреди многу повеќе од овој тим на Лихтенштајн. Ама и покрај тоа сакаме да одиграме убав меч пред нашите гледачи и да покажеме напредок и убав фудбал“, изјави селекторот на Лихтенштајн.
Македонија му гостува на Лихтенштајн во Вадуц в сабота од 15:00 часот.