Реми на У17 селекцијата на првиот квалификационен натпревар против Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација У 17 одигра нерешено против Шкотска 2-2 и го освои првиот бод на стартот на квалификацискиот турнир за место на Европското првенство.
Головите за Македонија ги постигнаа Марковски во 40-та минута и Џаку во 83-та додека стрелци за домаќинот на турнирот беа Бојд во 52-та и Хогард во 80-та минута. Во вториот меч во нашата група селекцијата на Романија го совлада Лихтенштајн со убедливи 10:0.
Во второто коло закажано за 22 март, ние ќе играме со аутсајдерот Лихтенштајн додека Романците ќе се сретнат со Шкотска. Ќе потсетиме дека само победникот од секоја група ќе оди на континеталниот собир.