НБА лигата се сели во единаесет европски града

Челниците на НБА, наводно, веќе имаат јасна идеја за тоа кои 11 градови ќе бидат дел од потенцијалното проширување на натпреварувањето во Европа.
Андреас Заглис, првиот човек на ФИБА, се очекува да присуствува на претстојниот состанок на Бордот на гувернери на НБА, на кој ќе се разговара на оваа тема.
Наводно од НБА биле избрани следните градови: Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина
Со оглед на тоа што останува малку време до крајот на тековната сезона, најверојатно новото натпреварување нема да има премиера до сезоната 2026/27.
Друго прашање е кои клубови би учествувале во него. Треба да ги има 10, а останува да се види дали ќе бидат постоечки или новоформирани клубови.