Тен Хаг кандидат за клупата на Рома

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг синоќа беше на „Олимпико“ на дербито меѓу Рома и Јувентус, а тоа ги подгреа гласините дека негова следна дестинација ќе биде Италија.

Интересно е тоа што и Рома и Јувентус се во потрага по нов тренер за следната сезона, па не може со сигурност да се каже на кој е мета Тен Хаг.

Клаудио Раниери има одлични резултати со Рома, но тој седна на кормилото на Волчицата изваден од пензија и неговата цел е само да ја заврши сезоната, а во меѓувреме клубот да најде решение за наредната.

Слично е и во Јувентус, Игор Тудор потпиша договор со трајност до крајот на сезоната, што значи дека и бјанконерите бараат решение за наредната сезона.

Времето ќе покаже дали Тен Хаг ќе биде тренер на еден од овие два клуба, или вчера на Олимпико бил присутен само како фудбалски фан.