Џеко ќе го замени Фенер со Хајдук?

Турскиот новинар Бариш Јурдусевен тврди дека Един Џеко во наредната сезона ќе го носи дресот на Хајдук, босанскиот напаѓач веќе го потпишал и договорот.
Уште минатото лето се шпекулираше за трансфер на Џеко во Хајдук, тогаш не се случи, но новинарот вели дека овојпат работата е завршена.
Актуелниот договор на Џеко со Фенер истекува по крајот на сезонава и тој нема да биде продолжен.
Турскиот новинар пред да ја соопшти информацијата за Џеко, прво се пофали дека и во минатото имал ексклузиви кои биле точни.
„Јас прв реков дека Тадиќ потпиша за Ајакс, а европските медиуми ја искористија таа вест и ме цитираа мене и ТРТ Спорт! Сега објавувам за нов тим на Џеко. Џеко веќе потпиша со Хајдук за наредната сезона. Тој има и приватна компанија таму“, напиша новинарот на социјалните мрежи.
Џеко во две сезони за Фенербахче одигра 94 натпревари, даде 44 голови и имаше 18 асистенции.